Пролет е и времето е убаво, но за некој и не баш. Некој бара друштво за да муабети и да ужива во топлите денови, а друг сака да го чисти дворот и да тргне се’ што се насобрало додека седевме во домовите…
Токму таква ситуацијата беше кај познатиот брачен пар, кај харфистката и пејачка Сара Мејс и македонскиот водител и маркетинг менаџер Димитар Атанасовски.
Тие и двајцата редовно се зафатено со работни ангажмани , но сега Сара реши да одмори и денот да го помине мирно.
– Спринг сизн и пак работи. Ела бе домаќине, седни малку – му се обрати таа преку социјалните мрежи, за да сфати дека е премногу недостапен.
Но, Димитар почна да и го руши мирот со тоа што ја „откачи“, сега кога и пејачката едвај најде време за мезе и чаша ракија.
Таа ја фотографирала наместената маса на која ништо не беше чепнато, а секако во позадина се гледаше големиот разеленет двор во кој Димитар нешто прави.
Но Сара, реши да не се откажува од идејата и да биде упорна во тоа како да најдат време кое квалитетно ќе го поминат. Едноставно да нема друга опција.
Па така, таа ископа една фотографија со која ги насмеа следбениците сите до еден.
– Уште ова ни остана да пробаме – со емотикон кој крева раце таа надополни дека единствено така нема да има потреба да чекаат настан за да се видат, кога мажот и е многу зафатен.
Секако тоа беше и целта од фотографијата на која беа двете тоалетни шолји со паралелна намена за парови кои сакаат да споделат повеќе заедничко време.
А дали ќе се согласи и ќе ја прифати оваа иновативна идеја и Димитар, останува да следниме и да дознаеме.
Но, ако не тие можеби на некој друг пар ќе му се најде и ќе се поднови?
Фото: printskrin/instagram/sarahmace__