Љубовниот живот на Кија Коцкар не престанува да ја интригира јавноста.
По учеството во реалното шоу и разводот од Слобa Радановиќ, Коцкар ги крие своите партнери од јавноста.
Сега таа ги изненади сите со нова објава на социјалната мрежа Инстаграм, а поради описот многумина помислија дека решила да стапне на лудиот камен.
Таа објави фотографија од состанок со пријател со интересен опис.
– Мојата идна кума и јас. Едвај чекам да приреди моминска вечер – напишала како на шега.
Под фотографијата можете да видите бројни честитки, а дали размислувала за организацијата на моминската вечер или за брак со нејзиниот пријател, не се прецизира.
фото:Instagram printscreen/kijakockar