Радио Милева правна битка

Кети Пери заврши на суд –  Поминува тежок период поради имот вреден цело богатство

Кети Пери заврши на суд –  Поминува тежок период поради имот вреден цело богатство

Кејти Пери се појави на суд за да сведочи во правна битка за купување на вила вредна 15 милиони долари во Монтесито, Калифорнија.

Пејачката сведочеше на суд во Лос Анџелес преку Зум во вторник, 26 август, каде што беше испрашувана за купување имот во 2020 година.

Според судските документи претходно објавени од списанието „Пипл“, Пери и Орландо Блум купиле вила од 1930-тите во Монтесито од претприемачот Карл Вескот за 15 милиони долари.

Сепак, Вескот, на кого му беше дијагностицирана Хантингтонова болест, генетско нарушување на мозокот, во 2015 година, се обиде да го раскине договорот, тврдејќи дека „не е способен“ да потпише таква трансакција.

Во следните години, Вескот, основачот на 1-800-Flowers, поднесе тужба против бизнис менаџерот на Кети Пери, Берни Гудвеј, во август 2020 година.

По долгогодишна правна битка, Пери го доби претходниот судски процес во врска со одговорноста, а во мај 2024 година ѝ беше доделено право на сопственост врз имотот во округот Санта Барбара, според извештајот на „Волстрит џурнал“, кој се повикува на земјишни записи.

Судијата пресуди дека „Вескот не презентирал убедливи докази дека не бил способен да склучи договор за купување на имотот…“ Тој, исто така, изјави дека има значителен број докази што укажуваат дека Вескот свесно го потпишал договорот, истакнувајќи дека дејствувал „кохерентно, ангажирано, јасно и рационално“.

Пери сега бара отштета од над 5 милиони долари, тврдејќи дека 3 милиони долари претставуваат изгубен приход од изнајмување од имотот.

Во вторник, адвокатот на Карл Вескот, Ендру Џ. Томас, ја праша Пери за нејзините мотиви во овој спор. „Правда“, одговори таа едноставно.

Сепак, Томас праша: – А парите? – додаде тој, на што Пери одговори:

„Ќе изгубам пари ако ова не се реши во моја корист“, заклучи таа. Исто така, беше прашана дали има „финансиски интерес од каков било вид во исходот од оваа тужба“. Кејти потврди дека има, објаснувајќи дека нејзиниот финансиски интерес се одразува во „изгубени пари, адвокатски трошоци и изгубен приход од кирија“.

Foto: print Screen/Instagram/katyperry

To top