Уна Чолиќ, наследничката на Здравко Чолиќ, објави фотографија со својот партнер од патувањето во Македонија.
Уна Чолиќ, е позната по тоа што често патува и со задоволство споделува моменти од разни луксузни дестинации со своите следбеници.
Овој пат, Уна повторно ги спакувала куферите и заминала на патување во Македонија со своето момче.

Таа објави нивна заедничка фотографија од Скопје на социјалните мрежи, покажувајќи дека празничната атмосфера сè уште трае. Двајцата позираа во лифт, а снегот и студеното време не ги спречија да уживаат во патувањето и да поминат време заедно.
Патем, момчето на Уна има сериозни намери со наследничката на Чолиќ. Семејствата се сложуваат многу добро, а наскоро планираат и свршувачка.
Foto: Instagram printscreen/unacolic





