Радио Милева она што не треба да се заборави

Кејт Мидлтон како паталец испрати моќна порака за Светскиот ден за борба против ракот (фото)

Кејт Мидлтон како паталец испрати моќна порака за Светскиот ден за борба против ракот (фото)

Кејт Мидлтон испрати силна порака на социјалните мрежи пред Светскиот ден на ракот, само три недели откако објави дека е во ремисија од лекувањето.

Светскиот ден за борба против ракот се одбележува на 4-ти февруари, а Мидлтон ја сподели својата порака ден претходно. Имено, таа сподели фотографија на која стои насмеана во шумата со кренати раце, а како што напишала, фотографијата ја направил нејзиниот син Луис.

-Не заборавајте да негувате сè што лежи надвор од болеста, напиша Кејт.

Природата беше посебен извор на енергија и омилен начин за опуштање за Кејт Мидлтон за време на нејзиниот третман.

Мидлтон поголемиот дел од минатата година го помина на лекување, а во септември официјализираше дека завршила со хемотерапија, додека на 14 јануари објави дека нејзината болест сега е во ремисија.

Кејт постепено се враќа на своите кралски обврски и се стреми да ги исполни сите потребни должности.

фото:Intagram printscreen/ katemiddletonprincessofwales/Х

To top