Радио Милева ретка глетка

Марјана и Каролина во црна комбинација за возбудлива модна фасцинација: Деколтирано макси или мини, секси долги нозе или бујни облини? (фото)

Марјана и Каролина во црна комбинација за возбудлива модна фасцинација: Деколтирано макси или мини, секси долги нозе или бујни облини? (фото)

Изминатата ноќ во еден познат ноќен клуб во Скопје се случуваше приватна забава на познат британски тобако бренд на која главна улога од сцена имаше Каролина Гочева со нејзиниот бенд.

На забавата беа поканети и присуствуваа повеќе познати македонски фаци, кои ги наполнија своите „стори“ објави на Инстаграм.

Од густо набиените снимки намерата секогаш иста-  да покажат како изгледаат, во чие друштво се и секако да ја снимаат пејачката.

А таа пак,  периодов активна повеќе од кога било.

Само што се врати од Америка, Каролина веднаш на договорена тезга, скоцкана како и секогаш, насмеана, распеана…

А оние привилегираните, гости и познаници од публика не пропуштија и да се фотографираат со неа, некои можеби и за првпат како водителката Марјана Станојковска.

За настанот, изборот на двете им беше провереното и непогрешливо црно. Kаролина во мини фтустанче со висока јака и долги ракави, а Марјана во тоалета во сирена крој  со асиметричен пресек од длабоко деколте.

Двете со иста висина, горе- долу и тежина, едната бринета, другата русокоса, ама и двете со црвено карминче и со насмевка од уво до уво.

Која е вашиот моден фаворит, Маријана или Каролина?

фото:Instagram printscreen/ marjanamay/ karolinagocheva

To top