Радио Милева своја на своето

Каролина Гочева се опушти на сцена како никогаш досега: Буквално како дома, па почна и да се соблекува

Каролина Гочева се опушти на сцена како никогаш досега: Буквално како дома, па почна и да се соблекува

По активната промоција на последниот и најнов сингл „Мог живота дио“, Каролина Гочева има ултра активно лето на професионален план. Сигурно веќе наголемо планира одмори уште два- три како и секоја година, така што времето за одмор допрва е пред неа.

Ама сега, особено викендов беше време за родниот крај, нејзината Битола, нејзините сограѓани како публика во еден познат битолски ресторан каде таа настапи.

Секогаш радосна кога е дома, а сега особено еуфорична затоа што пееше пред своите. Радост за сите, а Керол толку многу опуштена на сцена што дури се соблече, остана боса оставајќи ги високите потпетици настрана.

Беше време за играње, „каде и да сум, во било кое време, животот е прекрасен со тебе“, пееше Каролина и скокаше во ритамот со секој отпеан стих.

Опуштена, разиграна и слободна на сцена, буквално како дома, зашто Битола и е нејзината дома, од секој агол, па дури и вака.

извор: Instagram printscreen/karolinagocheva

To top