Јелена Карлеуша неодамна проговори за здравствената состојба на Саша Поповиќ.
Откако го напушти местото како член на жирито на натпреварот „Ѕвезде Гранда“, пејачката не остана во добри односи со Поповиќ.
Сепак, како што истакна таа е во контакт со неговата сопруга Сузана.
– Слушнав дека Сале не е добар. И испратив порака на Сузана дека во секој момент може да смета на мојата поддршка и помош, без разлика што морав да ги прекинам неговите напади на различни начини на разни емисии. Морам да бидам некој што простува, затоа што нема некој што не ми згрешил и што не се покајал поради тоа, затоа што никогаш никому ништо лошо не сум направила. Кога станува збор за Саша Поповиќ, ќе се сеќавам само на добрите работи што ми ги направи – изјави Јелена Карлеуша во емисијата „Пулс Србија“ на ТВ Курир.
View this post on Instagram
Саша Поповиќ не се појави на почетокот на снимањето на новата сезона на Звезда Гранда 2024/25, кога беше откриено дека неговата здравствена состојба е нарушена.
Поповиќ во последниот период не се појавуваше на јавни настани, а последен пат беше виден како го снима финалето од 17-та сезона на натпреварувањето на „Ѕвезде Гранда“.
Потоа дошол на шоуто со патерици и речиси цело време седел на стол.
фото:Instagram printscreen/ zvezde granda/ karleusastar