Некој од публиката на „Пинкови Ѕвезди“ ги сними дивата Јелена Карлеуша и композиторот Драган Стојковиќ Босанац како на шега се гаѓаат со перници.
На социјалните мрежи се појави видео кое привлече многу внимание. Имено, некој од публиката забележал кадар кој телевизиската публика не можеше да го види. Јелена овој пат легна на подот, а Боске не ја пропушти можноста да ѝ пријде и врз неа да нафрла перници.
Пејачката цело време се местуваше и се превртуваше, додека оваа ситуација со насмевка ја набљудуваше водителот Огњен Амиџиќ.
View this post on Instagram
Нема сомнеж дека забавата е загарантирана кога се тука Карлеуша и Босанац, а ова не е првпат токму тие двајца да направат шоу. Бидејќи со години веќе се членови на жирито во музичките натпреварувања, луѓето многупати со нетрпение ја очекуваа новата емисија за да видат каква забава ќе приредат.
Пејачката и хармоникашот секогаш биле во коректни односи и едно за друго секогаш имале зборови за пофалба, а таа позитивна енергија најдобро се гледа кога седат еден покрај друг.
фото:instagram printscreen/karleusinbich





