Радио Милева во свој филм

Карлеуша изненади за најновиот потег кој планира да го направи – уште ова не било од неа

Карлеуша изненади за најновиот потег кој планира да го направи – уште ова не било од неа

Животната приказна на Јелена Карлеуша не е обична. Уште како девојче поразлична од другите, а во 1995 година го сними првиот албум за „Дискос“ наречен „Огледалце“, кој беше продаден во 100.000 примероци.

Откако на 15 јуни 2013 година одржа концерт на Ушче наречен „Вива ла дива“, при што имаше технички и здравствени проблеми, Јелена се повлече од музичката сцена, а потоа по 11 години, во август 2023 година, ги издаде албумите „Алфа“ и „Омега“.

Необичниот концепт и симболи кои носат одредени пораки предизвикаа големо внимание и интерес.

По голема веројатност ќе биде прикажана животната приказна на Јелена Карлеуша. Јелена откри дека е во преговори со „Нетфликс“ за да се игра себеси во филм.

– Ќе ви кажам една ексклузивна. Во преговори сум да се играм себеси во филмот. Зборувам за тоа многу активно. Јас и еден од нашите многу познати актери би ги добиле главните улоги. Ќе играм сама – рече таа и истакна дека талентот не е доволен за успех.

– Многу пејачи кои се пред мене по талент пеат по кафулиња за малку пари. Талентот не е доволен. Ти треба харизма, магија, ти треба тоа нешто – јасна беше Јелена за Стори.рс

фото:Instagram printscreen/ karleusastar

To top