Познатата балканска пејачка Јелена Карлеуша се врати на Инстаграм, а исто како и пред да и го затворат профилот, така и овојпат шокираше уште со прватасо објава со која одново крена прашина.
Овој пат таа сподели на своите Инстаграм приказни објава од своите обожаватели кои тврдат дека победникот на Евровизија, небинарниот Немо, го ископирал стајлингот на поп-фолк дивата од 1996 година.
Ликот од Швајцарија што ја однесе победата, на сцената беше облечен во стил кој потсетува на стајлингот на Карлеуша од пред неколку децении.
Споредбата ја направија фановите на пејачката, а потоа таа сподели се на својот Инстаграм профил со симпатичен опис.
– Епа крај! – напиша Јелена додавајќи емотикон кој плаче од смеа. Не е многу веројатно дека стилистот на Немо бил инспириран од српската ѕвезда, но споредбата е секако многу симпатична.
Фото: Инстаграм/karleusastar/YouTube/Eurovision Song Contest 2024: Grand Final