Мегафон музички проект

Калиопи влезе во студио: Поп дивата го започна снимањето на новиот албум

Калиопи влезе во студио: Поп дивата го започна снимањето на новиот албум

По серијата успешни концерти низ регионот, македонската поп дива Калиопи подготвува нов албум. Новите песни, Калиопи на публиката ќе и ги подари оваа година.

-Посакајте ми среќа! Денеска и официјално започнавме! Новите песни за новиот албум се веќе на пат до вас!, објави Калиопи.

За своите планови годинава, Калиопи говореше и во предновогодишното интервју за порталот Вистина каде го најави новиот албум.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kaliopi (@kaliopi_official)

-Многу убави и големи планови за кои уште од сега ги започнавме сите подготовки, со детална организација. Догодина повод големиот јубилеј 40 год од соработката со Ромео Грилл, се подготвува нов албум, како и низа концерти во Македонија и во регионот. Неизоставна е голема промоција на овие проекти и можам слободно да речам, со нетрпение ја чекам 2024 год, токму затоа што чувствувам дека со овој албум ќе отворам ново поглавје за најмалку следните десет години. А за понатаму, ќе видиме…, изјави Калиопи во интервјуто за Вистина.

Фото: Инстаграм/kaliopi_official

To top