По веста дека почина таткото на македонскиот актер Васил Зафирчев, затечена, тажна и емотино скршена беше и нашата поп дива Калиопи и поранешна сопруга на актерот.
По трогателната проштална порака која осамна на Инстаграм профилот од ужалниот син, следеше и реакцијата со сочувство од поранешната снаа на покојниот.
Васил Зафирчев го испрати татка си во вечноста: „Денес, боли само времето непоминато со него“
-Патувај тато Тале наш… напиша Калиопи, а последното збогум за поранешниот свекор се најде меѓу нејзинте објави.

За потсетување, Васил и Калиопи беа во брак од 2004 до 2011 година, но и по разводот останаа во одлични односи.

Тие често го поминуваат времето заедно и се поддржуваат и во приватниот живот, и во кариерите.
фото:Instagram printscreen/kaliopi_zasekogas and vasilzafirchev






