Презервативите се ефикасна форма на контрацепција која може да спречи многу чести сексуално преносливи инфекции (СПИ). Важно е да се грижите за тоа како ги чувате кондомите за да се заштитите од истите.
Кондомите се тестирани според ригорозни стандарди и се исклучително сигурни. Меѓутоа, доколку не ги чувате правилно, може да се оштетат, што може да доведе до несакана бременост или пренесување на полова инфекција. Дури и оштетувањето кое не е видливо со голо око може да ги направи кондомите неефикасни.
Многумина не знаат дека презервативите имаат рок на траење, затоа проверете го датумот на пакувањето. Ако пакувањето е малку оштетено или искинато, подобро фрлете го кондомот. Ако пакувањето не е целосно затворено, кондомот може да се исуши и да стане склон кон пукање.
Постојат многу работи кои можат да го направат кондомот неефикасен, вклучувајќи не само остри предмети, туку и температура, сончева светлина, итн. Кондомите треба да се чуваат подалеку од екстремна топлина или студ, така што најдобро е да се чуваат на собна температура.
Исто така, треба да ги чувате некаде каде што нема да бидат поместувани, компресирани или свиткани. За повеќето луѓе, спалната соба е најдоброто место за чување кондоми.
Меѓутоа, ако имате деца, чувањето кондоми во фиока која е на нивен дофат не е добра идеја, бидејќи тие лесно можат да ги најдат и да ги оштетат. Во тој случај најдобро е да ги ставите на место кое е вон дофат на децата.
Паричниците исто така не се најсоодветно место за чување на презервативи, бидејќи често се ставаат и вадат од џебовите, се отвораат и затвораат, се превиткуваат итн. Сето ова може да го оштети кондомот, така што чувањето кондом во вашиот паричник не е најдобрата опција.
фото:Freepik
извор:supermen.tocka