Водителката на утринската програма на Пинк ТВ, Јована Јеремиќ, вчера имаше забелешка за своите колеги зад камерата за време на разговорот со гостите.
Таа го прекина гостинoт кој зборуваше во тој момент и јавно им се обрати на колегите со воопшто не благи зборови.
– Извинете, само еден момент. Не сакам да слушнам мува како лета во студиото кога разговарам за толку важни теми. Ова е вторпат да дадам опомена во однос на минатата недела. Нема да слушнам мува во студиото. Продолжи – рече Јована огорчено, по што продолжи со програмата.

Водителката Јована Јеремиќ откри интересен детаљ од нејзиното минато во врска со нејзината мајка. Имено, нејзината мајка директно контактирала со Хепи ТВ, каде што Јована работела пред да премине на Пинк, и го замолила сопственикот да ја отпушти.
– Мајка ми се јавила кај сопственикот на Хепи ТВ, каде што работев јас, и побарала да бидам отпуштена. Точно е, тој може да го потврди тоа. Ги отпушта сите како новогодишни подароци, но не сакаше да ме отпушти мене. Мајка ми му рече: „Да ја отпуштиш, не може да положи кривично право поради твојата телевизија“ – шокираше Јована во емисијата на Кристијан Голубовиќ на Ред ТВ.
фото:Instagram printscreen/jeremicjovana



