Водителката на ТВ каналот „Пинк“ ја напушти Србија. Јована не откри каде оди, туку само кратко напиша: „ Господови патеки“.
Непосредно пред да замине, таа сподели интересен цитат: „Планината станува долина кога сакаш“.


Јеремиќ неодамна раскина со Драган Станковиќ, а во едно подкаст интервју објасни зошто годините не се важни во врската.
– Имав партнери кои се постари од мене и такви кои се четири години помлади од мене. Годините немаат апсолутно никаква врска со тоа, енергијата е енергија. Понекогаш помлад маж може да биде позрел од некој што е стар, а постар маж може да има енергија и дух на некој што има 20 години – рече Јована.
Водителката отсекогаш имала високи критериуми кога станува збор за избор на маж, а сега само три работи ѝ се важни кај потенцијален партнер.
– Сè е во тоа како работите се вклопуваат. Немам некаков тип на маж, освен што е добар човек, успешен во својата работа и може да ја следи мојата енергија – рекла Јована, која неодамна ја запознала девојката на нејзиниот поранешен сопруг Војслав Милошевиќ и, како што вели, ја одобрила нивната врска.

фото: printscreen/instagram







