Радио Милева New Star Make up...

Јован Кароски е новата ѕвезда на мејкапот, откако „преку ноќ“ стана еден од најбараните фризери и шминкери во Македонија: „Доживеав прогрес како на сон“ (ФОТО)

Јован Кароски е новата ѕвезда на мејкапот, откако „преку ноќ“ стана еден од најбараните фризери и шминкери во Македонија: „Доживеав прогрес како на сон“ (ФОТО)

Јован Кароски со потекло од Охрид во моментов е еден од најбараните и најпопуларни стилисти кога станува збор за шминката и
фризурата на познатите ѕвезди од Балканот.

Неговата приказна за стартот кон ѕвездениот пат започна „преку ноќ“, токму од неговиот роден град Охрид,  со една од најголемите југословенска музички ѕвезди – Неда Украден.

“Искрено до последниот момент не му верував на повикот на менаџерот на Неда кој ми кажа дека предложил токму мене да ми биде дадена честа да ја подготвам големата
Неда Украден за нејзиниот настап на еден од најпопуларните и најстари фестивали во регионот Охрид Фест“ – вели Јован.

Неда по триумфалниот настап со нејзината безвременска „Зора је“ на фестивалот во Охрид, повторно му ја додели довебарата за нејзиниот целосен изглед како и за изгледот на еден настап на приватна забава во Куманово, пред крајот на минатата година.

Додека пак новата 2024 година на Јован му започна со уште една голема соработка, овој пат со еден од најквалитетните вокали во регионот – Јелена Томашевиќ.

“Вистинска душа од човек, однос со кој ве освојува на прва. Една од ретките ѕвезди на естрадата која има вистинска скромност“- вели Јован за српската пејачка.

На крајот од минатата година Јован се здоби и со една од најрепрезетативните награди кој ги доделува магазинот „Убавина и здравје“ – Influencer awards во категоријата „New Star Make up“.

Јован со своите 23 години е вистински пример за младите дека и тоа како можат сами и едниствено со својата работа и квалитет да го докажат она што можат и што би сакале да бидат во својот живот. Во периодот што следи Јован го очекува најголемиот предзвик за кој допрва ќе се зборува, односно неговиот прв голем салон во срцето на Скопје, новото  место каде конечно ќе може секој да ја почуствува магијата на волшебникот на вистинската шминка и фризура за жени, во неговото „Karoski Makeup and Hair Studio“.

To top