Радио Милева мераци на душа

Јордан Митев на прв летен одмор со ќеркиќката: Малата возбудена од воденото доживување, а тато од родителското исполнување (фото)

Јордан Митев на прв летен одмор со ќеркиќката: Малата возбудена од воденото доживување, а тато од родителското исполнување (фото)

Популарниот фолк пејач Јордан Митев живее денови од кои и тоа како му е добро на душичката, баш како што е насловена една од неговите песни.

Овие летни жешки денови Јордан ги поминува работно, но сепак си дава време и за оддишка и пауза од работа, а тоа време е резервирано само за неговите две најсакани, сопругата и ќеркиќката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jordan Mitev (@jordanmitevofficial)


Па така додека погелемиот дел се јужно на море, изборот на Јордан беше Охридско езеро и одмор на домашен терен.

Првото летување и родителско доживување одлучија да биде во Охрид, бебенцето да го има своето прво водено доживување, а тие да го чувствуваат и да уживаат во своето родителско исполнување.

Митев секогаш отворено зборува пред јавноста за она што му се случува на приватен план, а не беше тајна дека шест години откако стапија во брак со Славица, успеаја да ја продолжат лозата и да добијат бебе кое се роди во месец октомври додека тој беше на турнеја во Австралија.

Велат дека по дождот доаѓа сонце, па за Митев и неговото семејство со Бога напред, се живеат токму такви, сончеви денови.

фото:facebook/ Jordan Mitev/ Instagram printscreen/ jordanmitevofficial

To top