Радио Милева таа знае како...

Јелена Јованова со прва фотка по породувањето: Македонската актерка со хрватска адреса „пука“ од сексапил (фото)

Јелена Јованова со прва фотка по породувањето: Македонската актерка со хрватска адреса „пука“ од сексапил (фото)

Актерката Јелена Јованова од Штип или позната како Јелена од Драчево, приватно години наназад не е ниту во градот под Исарот, а ниту во скопско, туку во Хрватска каде е мажена и живее исполнет и хармоничен семеен живот.

Пред речиси три месеци таа стана мајка под вторпат, а тоа беше изненадување за јавноста бидејќи нејзината блажена состојба беше во тајност.

Јелена е од оние познати кои не баш ја „сервираат“ приватноста преку социјалните мрежи, но повремено знае да изненади со нешто од себе и своите сакани. Овој пат, предновогодишно направи исклучок и за првпат по породувањето покажа дека е во топ форма, па дури изгледа подмладено.

Убавиот и свеж изглед го „зачини“ со книга во рацете, а нели читањето е секси, тоа дополнително ја интензивираше атрактивноста од кадарот.

Инаку, Јелена  и нејзиниот сопруг, актерот Стјепан Периќ во јуни 2020 се реалзираа во улогата на родители и го добија синот Јаков, а сега четири години подоцна добија второ синче.

фото:Instagram printscreen/ jelenajovanovaperic

 

To top