Радио Милева порачано - испорачано...

Јаков Јозиновиќ и одговори на предизвикот на Сенидах, фановите бараат дует (ВИДЕО)

Јаков Јозиновиќ и одговори на предизвикот на Сенидах, фановите бараат дует (ВИДЕО)

Салата СПЕНС во Нови Сад беше полна до последно место на првиот голем концерт во Србија што го одржа Јаков Јозиновиќ. Настапот во Нови Сад е дел од неговата турнеја Јас за чуда летам“, а публиката уживаше во моќен аудио-визуелен спектакл и изведбата на разни хитови во текот на вечерта, која се отвори со неговата прва песна „Поље ружа“.

На сет листата не изостана ниту мегахитот  „Ја волим“, песната која урива рекорди во последниве месеци. Сепак, едно изненадување ја одбележа вечерта.

Јозиновиќ реши да одговори на задачата што Сенидах неодамна му ја зададе. Имено, во своето интервју таа на шега ѝ кажа на публиката дека ќе сними дует со еден млад пејач ако тој го изведе нејзиниот голем хит „Риплеј“ на неговиот настап.

Јозиновиќ ја сфати сериозно таа задача и сега ја изведе токму таа песна на својот концерт, со што одговори на предизвикот на Сенида.

Публиката го поздрави овој момент со стоечки овации, а фановите на социјалните мрежи веќе коментираат дека сега се исполнети сите услови овие две популарни музички имиња наскоро да ги вкрстат своите гласови во заеднички дует.

Останува да се види дали Сенида можеби ќе биде специјален гостин на еден од шесте концерти што Јаков Јозиновиќ наскоро ќе ги одржи во Сава Центар во Белград, каде што го очекуваат илјадници обожаватели.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by A2.INFO (@a2.info)


На овој концерт како специјален гостин кој ја изненади публиката се појави Саша Ковачевиќ, кој заедно со Јаков го испеа неговиот хит „Једина си вредела“ што предизвика дополнителна еуфорија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by A2.INFO (@a2.info)

Инаку за концертот во Нови Сад за кој претходно се крена голема прашина, заради барањето на хрватските воении ветерани да го откаже, откако Тони Цетински го стори тоа, зашто наводно тој простор за време на војната на просторите во бивша Југославија, бил користен како конц логор, што подоцна беше демантирано како ноторна невистина.

Фото и  Видео: Инстаграм/a2.info

To top