Сања Кужет поради бременоста мораше привремено да ги напушти „Ѕвездите на Гранд“ на кои со години беше водителка, а на нејзино место дојде пејачката Ана Севиќ.
Водителката по година ипол пауза сега се врати на својата работа.
Таа се обрати на својот Инстаграм за оваа пригода и објави фотографија од познато студио и рече дека има измешани емоции.
– По година ипол, повторно во студио… Измешани чувства“ – напиша таа.

Нема сомнеж дека емоциите на Сања се измешани и поради враќањето на работа по долга пауза, но и поради смртта на креативниот директор на „Гранд“, Саша Поповиќ, кој почина на 1 март.
фото:Instagram printscreen/ sanja_kuzet/ anasevicofficial




