Радио Милева ново ниво

Ивона Јо горда на самата себе: „Најпосле можем да покажам мускули пред огледало“

Ивона Јо горда на самата себе: „Најпосле можем да покажам мускули пред огледало“

Младата поп- пејачка од Куманово, Ивона Јо пред седум месеци тргна на патот кој ќе и го смени живот, а почетокот беше означен од Истанбул каде во една приватна клиника направи липосукција и отстранување на вишок кожа.

Ако некогаш огледалото беше изворот на комплекси, стравови и несигурноста, денес Ивона го крената глава и со гордост гледа во одразот кој го гледа, токму од тоа исто огледало.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by IVONA JO (@ivonajo)

Гласот на внатрешната борба, болка и победа над најтешкиот противник,  самите себе, денес веќе поинаку рефлектира од резултатите на посветеноста и истрајноста.

Ивона повторно и се врати на теретаната, а како што вели сега веќе може на огледалото да  му покаже и некој мускул.

Рамен стомак каков посакуваше, гардероба која отсекогаш сакала да ја носи, а на лицето сатисфакција каква само таа може да ја почувствува и покаже.

Неодамна месецов, токму како резиме на се’ ова што го преживува и доживува, Ивона ја објави својата нова песна „Молитва“ која е автобиографска исповед, но и универзална приказна за сите кои некогаш биле заробени во мрежата на негативните коментари, осуди и сомнежи, оние невидливи, но тешки товари што се таложат со години и ја извитоперуваат сликата за сопствената вредност.

фото:Instagram printscreen/ivonajo

To top