Македонската водителката Ирена Спировска отсекогаш важела за дама со стил , која знае да одбере облека без разлика дали поводот е свечен, приватен настан или нешто друго.
Очигледно е дека често се сонча деновиве на топлите температури па со следбениците сподели од „жешките“ фотографии и моментите во кои ужива.
Таа сега на социјалните мрежи го покажа нејзиното ново издание, а воедно одлучи да го покаже и новиот тен кој го добива додека ужива во летниот одмор на морската дестинација која ја одбра.
Ирена сега позираше за Инстаграм, со заводливи пози во нејзин стил покривајќи го телото со бела наметка налик на божица, одбирајќи ја белата боја во која изгледа безпрекорно, а доказ за тоа се последните колаж фотографии кои ги сподели на кратката приказната.
На главата носела сламена шапка со светло кафена машна па се сврте со грб кон камерата за убаво да се види, а од нејзините фанови за тоа доби само позитивни комплименти.
Да потсетиме, Ирена таму го славеше и 50 – тиот роденден, а за својот јубилеј, направи летна фотосесја на плажа и им кажа добредојде на годините облечена во сино бикини.
фото: printskrin/instagram/irenaspirovska