Познатиот пејач Здравко Чолиќ на 30 Мај го прослави својот 73 роденден.
Во оваа прилика се огласи неговата ќерка Уна која е многу активна на социјалните мрежи и привлекува се поголемо внимание од медиумите.
Имено, Уна објави фотографија од славеничката трпеза на која се најде интересна торта, но и многу овошје.
– „Роденден на тато“, напиша таа на фотографијата.
Потсетуваме, Здравко Чолиќ е роден на 30 мај 1951 година во Сараево, а детството го поминал во Грбавица.
Со години е во хармоничен брак со Александра со која ги има две ќерки Уна и Лара.
фото: printskrin/instgram/unacolic/zdravkocolic