Радио Милева „Ебеница“...

Игор Џамбазов со одлична препорака за машка храброст и женско опуштање или само мало потсетување дека македонскиот дух царува и на шише ж’та?

Игор Џамбазов со одлична препорака за машка храброст и женско опуштање или само мало потсетување дека македонскиот дух царува и на шише ж’та?

Познато е дека македонскиот мултимедијалец Игор Џамбазов последниве години животот го минува на релација Дојран-Скопје-Македонија. Во Дојран се пресели да живее, во Скопје навраќа по работа или некоја друга лична потреба, а низ Македонија е кога со Гуру Харе имаат свирка. Што би рекле сите знаат кога, каде престојува.

Покрај тоа што кога нема обврски ужива во  убавините на езерото и останатата дојранска природа заедно со неговата кучка Ферхунде знае да си најде забава. Криенка или по скопски „Жмурки“ е една од заборавените игри од детството, па додека Игор се уште мижи в кревет, кучката уште рано посабајле се крие во дворот. Успешната камуфлажа е гаранција ем за дебела ладовина, ем за што подолго да те бара газдата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Igor Djambazov (@igordzambazov)

Кога не во игра со Ферхунде, маестро Џамбаз е се’ повеќе активен и на социјалните мрежи. Најчесто споделува лични работи, поучни  и умни нешта, ама понекогаш умее да биде и инфлуенсер. Или тоа на прв поглед така изгледаше во една од неговите последни објави, кога на неговиот Инстаграм профил се појави фотографија со шише уникатна македонска ракија.

И многумина изненади, и ги насмеа, иако сите знаат дека на „кралот алкохол“ Игор оддамна му има дадено автогол… Со него се има скарано и расчистено засекогаш, за век и векови си има ветено дека со него повеќе никогаш нема да се дружи… Заради лошото искуство од  дружбата во минатото, Џамбазов и алкохолот го имаат комплетно прекинато дружењето!

Затоа и многумина се шокираа, од каде сега Игор да рекламира ракија? И тоа не било која и било каква, туку ж’та домашна со еротска порака и уште поеротско име!

„Ебеница“ – мажите ги охрабрува, жените ги опушта. Па уште со топла препорака дека оди и без лекарски рецепт, а начинот на дозирање и нејзиното дејствување се најсилни со една чашка пред легнување… Со кого и да е – конзументот сам си знае!

И доколку поединци помислија дека Игор Џамбазов има одлична препорака за машка храброст и женско опуштање, македонскиот шоумен „ги спушти на земја“ со постот покрај фотографијата.

Игор убаво појаснил дека  не е во прашање тоа што можеби некој помислил, туку само мало потсетување дека македонскиот дух е толку голем, силен и неуништив што умее да царува дури и на шише ж’та ракија?

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Igor Djambazov (@igordzambazov)

Фото: Инстаграм/igordzambazov

To top