Радио Милева Ако дојдам од Битола...

И пејачките имаат душа: Марија Луиса Тодоровска покажа дека не е само „бакшиш кралица“, туку и галантна гостинка кога ќе и ја погодат песната (ВИДЕО)

И пејачките имаат душа:  Марија Луиса Тодоровска покажа дека не е само „бакшиш кралица“, туку и галантна гостинка кога ќе и ја погодат песната (ВИДЕО)

Пејачката Марија Луиса Тодоровска по преселбата во македонската престолнина бргу се здоби со епитетот „кралица на бакшишот“! Тезгите се множеа , а со тоа и заработката, па фолкерката секоја вечер дома се враќаше со полни раце бакшиш. Денари или девизи сеедно, важно да е ќесето полно, а колкава беше добивката, неретко можеше и вреќа да наполни!

Иако работата не и дозволува многу слободно време за ноќна забава, зашто навечер пее, а денот воглавно го преспива, Марија понекогаш знае да украде за себе парче од денот за делник или викенд сеедно, за да си направи и самата ќеф на душичката.

Кафеаната е нејзиниот втор дом, па каде на друго место ако не на ручек во некој одбран локал, каде најчесто со пријателките ги минува часовите слободно време кое може да си го приушти. Освен вкусната храна и понекоја чаша винце – пивце, што и да е, музиката е неизоставен дел од амбиентот на секое кафеанско опкружување. Та било излегувањето вечерно или дневно – сеедно!

Дека и пејачките имаат душа најдобар пример е самата Марија Луиса, која несебичо им се придружи во изведбата на колегите што и седнаа на масата! Над сето тоа, Марија  покажа дека не е само кралица на бакшишот, туку е и галантна гостинка кога ќе и ја погодат песната! Овој пат стиховите за родниот крај ја допреа во срцето, па „Ако одам во Битола“ неиспеана ниту до пола, а пејачката веќе се фати за чантичката.

Она што нејзе најчесто и го прават, сега таа самата го направи и својот колега со бакшиш го награди!

Зашто Марија најдобро  знае како се заработува кога некој ќе ти ја наполни душата со песната што од прва влегува в уши…

А и раката што дава – не се суши!

Фото и видео: Инстаграм/luisa.todorovska

 

To top