Емотивна фотографија од принцезата Кејт Мидлтон е објавена на официјалниот Инстаграм профил на принцезата и принцот од Велс. Таа се запознала со фотографката Лиз Хатон (16), која се бори со редок тумор.
Лиз, по потекло од Харогејт во Јоркшир, обожава фотографија и доби лична покана од принцот Вилијам да дојде во Виндзор, пишува „Дејли Мејл“. Лиз, исто така, беше поканета заедно со нејзиното семејство да ги запознае Вилијам и Кејт приватно за да разговараат за нивната битка со ракот. За време на таа средба, Кејт ја прегрна девојката.
View this post on Instagram
„Ми беше задоволство да ја запознаам Лиз во Виндзор денес. Таа е талентирана млада фотографка чија креативност и сила не инспирираа и двајцата. Ви благодариме што ги споделивте вашите фотографии и приказна со нас“, пишува во описот до фотографиите што ги споделија Кејт и Вилијам.
Вилијам дознал за Лиз преку добротворната организација London Air Ambulance, чиј покровител е тој.
фото:Instagram printscreen/ princeandprincessofwales