Антониа Гиговска и Роберт Спасенцовски се млади родители кои успеваат да „жонглираат“ со вечерните настапи и родителството над нивното двегодишно синче Киан.
Секако, сето ова нема да биде успешно без помош од бабите и дедовците, зашто мајката и таткото имаат заедничка работа, особено во доцните часови кога се настапите и тоа ширум земјата.

Родителството е најубавата, ама и најтешката улога, децата имаат барања повеќе од што можат возрасните да помислат, а бараат и инстант реализација на желбите. Кај родителите нормално постојат граници, но и попустливост, особено кога играчки се во прашање.

Играчките во секој дом со мали деца ги има на тони, а таков е случајот и кај Антониа и Роберт. Особено е така додека мама и тато не се дома, па игрите со баба и дедо се најинтересни и највозбудливи.
Сите играчки извадени во дневна, а куќата е „наопаку“, може да „добие и нозе за да прооди“.

Арно ама, на тато Џокер и не баш ова му пречи, наптотив за него овој хаос од играчки е смешен, барем таква беше реакцијата поставна на објавеното „стори“.
Киан е се уште малечок, па на навиката за собирање и расчистување се уште треба да се работи.
Затоа тука е мама да собере се’ она што ќе ја пречека, за од утре нештата да тргнат одново…

Сепак, оние поискусните знаат дека овој позитивен хаос додека трпнеш ќе го снема, па дури и ќе биде посакуван, затшто децатра веќе пораснале и тешко да ги видиш по дома.
Се’ што е убаво кратко и слатко трае, затоа на овој неред и треба да се гледа со насмевка!
фото:Instagram printscrein/jokerdam93







