Хајди Клум се појави како жива статуа на Мет Гала, а многумина рекоа дека таа ја променила темата и успеала да го „шверцува“ својот најомилен празник – Ноќта на вештерките со модниот настан на годината.

Овогодинешната Мет Гала имаше тема „Уметност на костимите“ и дрес код „Модата е уметност“, што им остави на многу ѕвезди можности за експериментирање, односно да покажат дека модата може да се гледа од повеќе агли. Во интерпретацијата на Хајди Клум, модата е жива статуа.

Завиткана во скулпторски, камени детали, изгледаше како 52-годишната манекенка да ги споила Статуата на слободата и класична грчка фигура во еден приказ.
Драматичната трансформација веднаш привлече споредби со елаборираните костими од нејзините познати забави за Ноќта на вештерките.
View this post on Instagram
Хајди Клум е веќе ветеран на Мет Гала и секоја година нејзиниот изглед е провокативен, само што оваа година го направи тоа на исклучително бизарен начин.
foto: printscreen/uoutube/instgaram



