Радио Милева нудист

Гоца Тржан ги откри своите тајни задоволства: „Бев цел ден гола на плажа со пријателите и ми беше топ“ (ФОТО)

Гоца Тржан ги откри своите тајни задоволства: „Бев цел ден гола на плажа со пријателите и ми беше топ“ (ФОТО)

Гостувајќи во емисијата „Диван шоу“, откако режисерот емитуваше видео каде пејачката Гоца Тржан и нејзиниот колега, покојниот Тоше Проески го изведуваат познатиот дует „Илјада и двесте милји“, Гоца го коментираше својот тогашен стајлинг:

„Се гледам и размислувам какво птичјо гнездо имам на главата, извинете. Што е ова? Јас всушност знам што е тоа. Тоа беше некаков фестивал, на кој доделуваа награди. Со Тоше победивме за најдобар дует на годината, а цел ден со друштвото го поминав некаде на плажа и буквално ме донесоа таму 20 минути пред почетокот. Малку се поднашминкав, се облеков и отидов кај овие дежурни фризери кои беа во фазон, сега и тебе ќе направиме да изгледаш модерно“ – рекла Гоца.

Во тек на  денот уживала во нудизмот со своите пријатели:

„Мене тогаш тоа ми беше врв! Цел ден пливав и се сончав, гола!“

Оваа изјава малку го изненади водителот Иван Гајиќ, кој ја праша дали е сериозна, на што пејачката одговори дека е:

„Да. Моите геј пријатели се нудисти. Сите бевме голи и одлично се забавувавме. Мразам кога остануваат тие бели траги од сончањето. Се грижам секогаш кога можам да одам некаде каде што ќе можам да се сончам гола.

Порано одев на Ада Бојана, но веќе не, по разни инциденти со насловните страници, далеку  било. И еднаш во Грција, бидејќи отидовме на плажа, односно во куќа што имаше приватна плажа, таму се беше пиштол голо“ – појаснила Тржан.

Фото: Инстаграм/gocatrzan

To top