Пејачката Гоца Божиновска се потсети на кавгите и тепачките што некогаш ги имала со колешката Весна Ривас.
Неодамна, таа беше гостинка во емисијата „Амиџи шоу“, а во таа прилика требаше да коментира за една контроверзна ситуација што се случи во реалното шоу „Фарма“.
– Се сеќавам на таа ситуација со Весна, како да не се сетам. Па, знаете што, секој ден размислувам за тоа! Знаете колку ми е жал што се скаравме? Единственото нешто за кое жалам е што не ја тепав повеќе – иронично рече Гоца Божиновска, правејќи ги сите присутни во студиото да се смеат.

Патем, Весна и Гоца се расправаа со денови на „Фарма“, а сè ескалираше кога Божиновска го допре стомакот на Ривас, споменувајќи ја нејзината здравствена состојба и тежина.
фото:Instagram printscreen/goca_bozinovska_official






