Радио Милева кога патот е јасно исцртан...

Гордост до облаци: Хана допрва и го спрема највозбудливото на мама Тамара

Гордост до облаци: Хана допрва и го спрема највозбудливото на мама Тамара

Родителите се пример и водечка фигура по која се градат и обликуваат децата, а кога и гените ќе си го направат своето, тогаш неминовно е од наследниците да се очекува во некои карактерни особини и таленти да повлечат на мама и тато, баба или дедо…

А кога доволно ќе потпораснат тоа да го препознаеме и истото ќе го покжат дека присвоиле како крвно наследство, е тогаш убавото на душа е неописливо.

Токму таква убавина и гордост за да полета, веќе неколкупати  си дочека пејачката Тамара Тодевска од својата ќерка Хана, секоја година поголема , поискусна и способна да покаже се’ повеќе.

Таа по стапките на мама, дедо, баба и тета, тргна во музичките води.

Хана се покажа како инструменталист на свој настап од јавен час по клавир, па со танчарските вештини дури по светски натпревари, а сега редот е на пеењето. Хана наскоро ќе ја видиме и како дел од „Музичка фабрика“, талент шоу за пеење кое својот караван веќе го врти низ Македонија изнаоѓајќи ги најмладите таленти.

Инаку, Хана уште од многу мала ужива да биде залепена до мама на сцена, се покажа и дека сака пее, па беше „Битбокс кралица“ на „Златно славејче“, а танцуваше хип-хоп и во спотот на мама за „Торнадо“.

-Животот е еден. Уживајте и радувајте се на секој момент поминат со овие мали супер херои, кои за кратко ќе ни задаваат поголеми, но слатки (се надевам) маки, напиша Тамара во една прилика, а како што тргнало убавото и гордоста здравје Боже ќе се редат…

 

фото:Instagram printscreen /tamaratodevska

To top