Промотер

Горан Мишев – Мишка и Драгана Мајкиќ во прв и единствен машко-женски дует произлезен од шоуто „Никогаш не е доцна“ – “Ој дјевојко поред мора“ (ВИДЕО)

Горан Мишев – Мишка и Драгана Мајкиќ во прв и единствен машко-женски дует произлезен од шоуто „Никогаш не е доцна“ – “Ој дјевојко поред мора“ (ВИДЕО)

Оние кои ги следат регионалните музички талент поу натпревари веројатно се сеќаваат на македонскиот пејач од Велес, Горан Мишев – Мишка. Рокерот блесна во третиот круг на регионалното музичко талент шоу за возрасни „Никогаш не е доцна“, кога ја изведе песната „Липе цвату“ од „Бијело дугме“ за која доби неверојатни пофалби од жирито, што му даде ветар во грб да продолжи да работи како досега, затоа што тоа Мишка  го прави брилијантно.

Подоцна заради разно-разни “игри без граници“ и недоразбирања не стигна до самиот крај и евентуалната победа, нота Мишка не го поколеба. Напротив, продолжи цврсто да верува во своите пејачки квалитети, кои се несомнени, и на кои би можел било кој познат пејач од регионот да му позавиди.

Деновиве Горан Мишев Мишка го промовира в етерот есклузивно својот видеоспот, овој пат за авторската песна “Ој дјевојко поред мора“,   отпеана на српски во дует со уште една негова колешка од истото талент натпреварување, пејачката Драгана Мајкиќ. 

Имено, се работи за машко – женски дует, прв и единствен засега произлезен од натпреварувачи во шоуто „Никогаш не е доцна“! Раритет и вистинска реткост, која за прв пат може да се види и слушне во регионот.

Автор на песната е Елена Арангеловска (музика и текст), додека аранжманот е на валентино Скендеровски, во чие музичко студио „Ентерпрајс“ истата и е снимена, а тој се јавува и како музички продуцент.

Гитарите во песната ги свири некогашниот член на дуото „Коктел“ и сегашен дел од проектот „Бело копче – трибјут ту Бијело дугме“ , Стевче Грозданов!

Поголемиот дел од видеото е снимен во Нови Сад, од каде што потекнува и колешката на Мишка.

Како звучи и изгледа овој единствен машко-женски дует од „Никогаш не е доцна“, проследете во продолжение.

 

To top