Радио Милева тажна вест

Голема загуба: Мадона остана без близок член на семејството (фото) 

Голема загуба: Мадона остана без близок член на семејството (фото) 

Странските медиуми објавија дека починал помалиот брат на пејачката Мадона.

Кралицата на поп музиката ја потврди веста споделувајќи емотивна објава за нејзиниот брат, Кристофер Чиконе.

Тие двајца тесно соработуваа за време на кариерата на Мадона, но во 2008 година дојде до конфликт откако Кристофер ја објави книгата „Живот со сестра ми Мадона“ во која откри многу нејзини тајни, меѓу кои и некои кои не беа толку пријатни.

Како и другите браќа на Мадона, Кристофер исто така се борел со алкохол и дрога, а неговата сестра дури и платила дел од неговото лекување.

Кристофер имаше 63 години, а тажната вест пејачката ја потврди на „Инстаграм“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Madonna (@madonna)

„Не‘ напушти брат ми Кристофер. Тој ми беше најблиската личност толку долго… Тешко е да се објасни нашата врска, но таа произлезе од разбирањето дека сме различни и дека општеството ќе ни создава тешкотии затоа што не го следиме статус квото. Се држевме за раце и танцувавме низ лудилото на нашето детство. Всушност, танцувањето беше еден вид лепак што не држеше заедно. Откривањето на танцот во нашиот мал град од Средниот Запад беше она што ме спаси, а потоа дојде мојот брат – и тоа го спаси него“, започна таа, додавајќи:

„Мојот учител по балет, исто така по име Кристофер, создаде безбедна средина за брат ми да биде геј – збор што не беше изговорен или дури ни шепотен таму каде што живеевме. Кога конечно собрав храброст да одам во Њујорк за да станам танчерка, брат ми ме следеше. И повторно се држевме за раце и танцувавме низ лудилото на Њујорк. Ја проголтавме уметноста, музиката и филмот како гладни животни, бевме во епицентарот на сите овие работи кои експлодираа. Танцувавме низ лудилото на епидемијата на СИДА. Одевме на погреби и плачевме, одевме на оро. Танцувавме заедно на сцената на почетокот на мојата кариера и на крајот тој стана директор на многу мои турнеи. Што се однесува до добриот вкус, брат ми беше папата и требаше да го бакнеш прстенот за да го добиеш неговиот благослов“.

„Ѝ пркосивме на Римокатоличката црква, полицијата, моралното мнозинство и сите власти кои застанаа на патот на уметничката слобода. Брат ми беше до мене. Тој беше сликар, поет и визионер. Му се восхитував. Имаше беспрекорен вкус и остар јазик, кој понекогаш го користеше против мене, но јас секогаш му простував. Заедно се издигнавме до највисоките висини и се колебавме во најниските падини. Некако секогаш повторно се наоѓавме и се држевме за рака и продолжувавме да играме. Последните неколку години не беа лесни. Не разговаравме некое време, но кога на брат ми му се слоши, најдовме начин да се бидеме заедно. Дадов се‘ од себе за да го одржам во живот што е можно подолго. Тој имаше толку многу болки кон крајот, уште еднаш се држевме за раце, ги затворивме очите и заигравме. Заедно. Мило ми е што повеќе не страда. Никогаш нема да има некој како него. Знам дека некаде танцува“, заврши Мадона со објавувањето на фотографиите на кои е со Кристофер.

фото: printscreen/instagram/madonna

To top