Новото истражување покажа дека луѓето кои се во брак имаат поголеми шанси за дебелеење. Но, овој проблем не е ист кај мажите и жените.
Тим од Националниот кардиолошки институт во Варшава открил дека бракот тројно го зголемува ризикот од дебелина кај мажите и го зголемува ризикот од прекумерна тежина за 62 отсто, пишува New York Post.
Од друга страна, брачниот статус немал ефект врз дебелината кај жените, но го зголемувал ризикот од прекумерна тежина за 39 проценти.
Во однос на возраста како независен фактор на ризик, докажано е дека секоја година од животот го зголемува ризикот од прекумерна тежина и дебелина кај двата пола.
Претходните истражувања, кои беа објавени во стручното списание Economics & Human Biology, покажаа дека мажите јадат повеќе и вежбаат помалку за време на бракот. Многу се здебелуваат во првите пет години од бракот.
фото: freePick
Извор: Попара