Радио Милева метаморфоза...

Го препознавате ли ова момче со заводлив поглед и „њу романтик фризура“… денес е „главен фраер“ во Скопје!

Го препознавате ли ова момче со заводлив поглед и „њу романтик фризура“… денес е „главен фраер“ во Скопје!

Една навидум обична фотографија која утринава исплива на социјалните мрежи ја “заскокотка“ јавноста, кој е човеков? Сликата црно-бела, очигледно симната од матурско табло или средношколски алманах, на која е едно младо, голобрадо момче.

Слабичок, со заводлив поглед и „њу романтик фризура“, како од времето на  почетокот на 80-ите и  ликовите од бендовите како „ Duran Duran“ или „Kajagoogoo“, пејачите како   Nik Kershaw или Paul Young, со крената крагна ала Elvis Presley на раскопчаната кошула во вертикални пруги и ѓердан како денешниве регионални турбо-фолк ѕвезди, оваа фаца денес е „главен градски фраер“!

Фотографијата не е познато дали е од училишното табло за полуматура во ОУ Кузман Шапкарев во скопската населба Драчево, или од матура во СМУГС  „Панче Карѓозов“ – отсек лаборанти, иако ова второво, според возраста на сликата е многу поизвесно.

Како и да е, ако се’ уште не го препознавате, загледајте се во еден детал – очите и погледот ќе ви каже се’, зашто е најкрактеристичен и непроменет во физичката метаморфоза на човекот кој сега ќе го препознаете.

Ако сепак не успеавте, еве ја компарацијата помеѓу старата матурска фотографија на од неодамна новиот градоначалник на македонската престолнина Орце Ѓорѓиевски и една од неговите последни од конститутивната седница на градот, а и онаа подолу, додека го остварува првото ветување дека за 72 часа ќе го исчисти од сметот и ѓубрето Скопје.

Фото: Приватна архива и Фејсбук/ Орце Ѓорѓиевски – Orce Gjorgjievski

 

 

To top