Салма Хајек, познатата мексиканска актерка беше и остана една од најпосакуваните жени во светот, а во последните години е многу активна на социјалните мрежи. Актерката која во септември ќе наполни 58 години, неодамна објави фотографии од својот одмор и уште еднаш ја покажа сета своја женственост.
За Салма Хајек стана вообичаено одвреме-навреме да ги запали социјалните мрежи со фотографии. Пред се, со неверојатен изглед на 57 години. Салма е најактивна во летните месеци кога објавува фотографии во костими за капење, а така беше и овој пат.
View this post on Instagram
Имено, Салма покажа како ужива на зајдисонце на скапа јахта, а на една од фотографиите во преден план беше нејзината бујна биста. Актерката уште еднаш покажа дека годините не можат да и помогнат, но и дека генетиката и грижата за исхраната и начинот на живот влијаат на нејзиниот изглед.
View this post on Instagram
„Повторно ќе го сруши интернетот“, „Убава и совршена“, „Изгледаш неверојатно“, „Колку старееш, толку си поубава“, напишаа под нејзината фотографија на Инстаграм.
фото: printscreen/instagram/salmahayek