Радио Милева трик или ризик?

„Ги исправ, работат“: Од домаќинските совети на Снеже Велков овој пат ќе се изненадите иако подобро е… да не ги правите (фото)

„Ги исправ, работат“: Од домаќинските совети на Снеже Велков овој пат ќе се изненадите иако подобро е… да не ги правите (фото)

Македонската ТВ водителка и екс пилатес инструкторка,  Снеже Велков е активна на социјалните мрежи, споделува видеа и фотографии од активностите кои секојдневно и се случуваат, а така беше и овој пат.

Имено таа на Инстаграм сподели една фотографија со која им го привлече вниманието на следбениците, со која им откри еден трик кој досега многумина не го знаеле или барем не се осмелиле да го направат.

Сепак Снеже случајно или не го испроба, а сега им го откри на сите кои имаат проблем, како да го решат.

Познато е дека на Снеже Велков спортскиот аутфит  и е омилен па најчесто сите ја препознаваат како „девојката со точакот“, таа  секогаш кога може и кога времето ќе и се погоди со задоволство е качена на велосипедот, а се разбира како дел од задолжителната опрема и се слушалките .

Снеже сега се пофали  со нешто невообичаено, а тоа е дека без проблем слушалките ги ставила во машина за перење и тоа сосе омекнувач, па сега се како нови.

„Оваа прилика ја користам да ви кажам дека слушалките ги исправ на 40 степени сосе омекнувач“  – искрена беше таа.

Дали случајно завршиле во машината или намерно, не откри. Важно работат  и „експериментот“ е успешен, па секој кој има ваков проблем, може да го  испроба  домаќинскиот совет на Снеже, но само во еден случај, прие ден услов… Да не ги ставате в уши додека возите велосипед, тротинет или мотоцикл, па дури ни ролерки и тоа од безбедносни причини.

Зашто ушите и тоа како ви требаат во сообраќајот, а во спротивно, со слушалки и музика в уши, се излагате на опасен ризик со далекусежни, па не дај Боже дури и фатални  последици!

фото: print Screen/Instagram/velkovsneze

To top