Радио Милева „Најдоброто од Румели”

Гавазова уважена и почестена на фестивал во Турција: „Особено сум горда на оваа драгоцена награда“ (фото)

Гавазова уважена и почестена на фестивал во Турција: „Особено сум горда на оваа драгоцена награда“ (фото)

Честитки се редат за фолк пејачката Сузана Гавазова која вчеравечер беше дел од фестивалот „Најдоброто од Румели“ кој е одржа во Истанбул.

Сузе таму беше почестена и уважена со награда за најдобар претставик на македонската култура во Турција, па откако ја прими статуетката запеа на сцената пред присутната публика.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Suzana Gavazova (@suzanagavazova)

-Награда за “Пејачка од Македонија” или „Најдобар претставник“ на македонската култура во Турција и светот” на фестивалот “Најдоброто од Румели” Истанбул Турција. Ви благодарам Турција за оваа драгоцена награда,на која особено сум горда. Бев во друштво со многу познати уметници од регионот меѓу кои и Сенидах, Биг Мама од нашиот регион, се пофали Сузе која објави и фотографии со колешките кои беа дел од свеченоста.

Како и секогаш, ниеден настап и патување на фолкерката не поминува без придружба од нејзиниот сопруг Јасмин кој и овој пат беше заедно со неа во Истанбул.

За оваа прилика Гавазова се одлучила за две верзии на црни фустани, едниот коктел и едноставен кој ја следи линијата на телото, додека другиот избор беше црна деколтирана дизајнерска тоалета со корсет со врзување на грбот.

Среќна и насмеана Сузана Гавазова го сподели секој момент кој и причини голема сатисфакција и незаборавно доживување.

фото:instagram printscreen/suzanagavazova

To top