Ерата на социјалните мрежи одамна нè навикна на филтри, ублажени линии и вештачки сјај. Но, со експлозијата на вештачка интелигенција (АИ), сите, па и естрадата се соочувaат со нов и досега невиден визуелен предизвик.
Познатата македонска фолк-пејачка Сузана Гавазова сè почесто се „лови“ на мамецот на овие АИ алатки, а нејзиното последно стори на Инстаграм предизвика лавина коментари и сериозни прашања:
Каде исчезна Сузана?

На фотографијата во сина маичка со пеперутки, Гавазова изгледа како компјутерски генериран модел, со толку многу дигитални корекции што нејзиниот личен идентитет и препознатливи црти се речиси целосно избришани. Лицето е доведено до пропорционална „совршеност“ карактеристична за АИ аватарите – порцеланска кожа, пренагласени усни и поглед во празно кој повеќе наликува на лик од видеоигра отколку на жива жена.

Овој екстремен визуелен тренд го отвора прашањето – дали желбата да се биде во тек со дигиталната еволуција не нè води кон целосно губење на сопственото „јас“?
Колку е драматична оваа дигитална трансформација најдобро покажува нејзината друга објава. На фотографијата каде што позира во црн комбинезон ја гледаме вистинската Сузе. односно токму онаа што ја познаваме.

На крајот на денот, овој потег на Гавазова, а и на многумина, е совршен пример и одраз на времето во кое живееме и борбата за зачувување на автентичноста.
фото:Instagram printscreen/suzanagavazova





