Атрактивната македонска фолкерка Сузана Гавазова неуморна… И со настапи низ Македонија, по Европа и светот, и со секојдневни интересни содржини на социјалните мрежи.
Ако нема нови фотографии или видео од некој свој настап, тогаш сексапилната струмичанка сигурно има слики или клипче со нова доза возбуда.

Откако ќе се пофали што зготвила во кујна и што е на денешното мени, домаќинката не седнува да здивне, напротив, мешањето продолжува, од она со лажица, преминува на тоа со колкови – на двете и тоа како навикната!

Така е и овој пат, кога Сузе во бело мини фустанче, качена на штикли го истурила сиот свој телесен раскош тресејќи го задникот како Брзилка.
Белото светкаво фустанче на реси ги истанка нејзните облини, а таа така надарена повторно ја отпочна својата серија врцкања за препотување кај припадниците од посилниот пол.
Егзотична и хипнотична, Гавазова направи земјотрес на Инстаграм од кој екранот се тресе до пред пукање, а вие без страв од рушење ќе ја враќате по неколку пати, за да ги апсолвирате сите детали!
фото:Instagram printscreen/suzanagavazova




