Сања Ѓорѓевиќ откри што најмногу ја нервира кај нејзината долгогодишна пријателка и колешка Лепа Брена, како и за што најмногу се расправаат.
Има примери на пејачки кои докажаа дека на сцената се можни искрени и долгогодишни пријателства. Тука спаѓаат пејачките Лепа Брена и Сања Ѓорѓевиќ кои го негуваат своето долгогодишно пријателство.
Има мислења на луѓето дека меѓу колегите на сцената владее суета и љубомора. Сања и Брена докажуваат дека не мора нужно да биде така, а Ѓорѓевиќ во една прилика пред медиумите ги откри деталите од пријателството на неа и Брена.
-По тој повод пејачката откри дека Лепа Брена се обидела да ја научи како да ги уредува фотографиите кои ќе ги објави на својот профил на социјалната мрежа Инстаграм, но открила и што најмногу ја нервира кај колешката.
– Се обиде да ме научи како да уредувам слики и да бидам риба на Инстаграм, тотално сум во загуба за тие социјални мрежи – низ смеа рекла Сања.
– Брена не знае да игра игри со карти и секогаш кога играме, таа има свои правила и тоа ме полудува. Веројатно е навикната луѓето да ѝ попуштаат. Во суштина, нема поим и затоа најчесто се караме. Не е вешт играч – откри Сања.
фото:instagram printscreen/ sanjadjordjevicofficial