Емина Јаховиќ призна дека никогаш не се покајала за одлуката за развод. Пејачката Емина Јаховиќ го отвори своето срце и по седум години јавно ја кажа вистината за разводот од нејзиниот поранешен сопруг, турскиот пејач Мустафа Сандал, со кого ги има синовите Јаман и Јавуз.
– Никогаш не сум се покајала што се разведов и фала му на Бога што така се случи. Им советувам на сите жени прво добро да размислат, особено кога станува збор за деца, бидејќи можеби ќе сакаат да се разведат од некои глупави причини – рече Емина.
Како што истакна таа, на нејзиниот брак му немало помош, бидејќи ја немало главната работа.
– Причините за мојот развод не беа глупави, но не беа ниту ненормални. Никој не изневери никого или нешто слично, емоциите едноставно згаснаа, а љубовта исчезна. Во тој момент имав 35 години и беше незамисливо да се согласам на брак на кој му недостасува страст и сила на толку млада возраст. За да не ме разбере никој погрешно и да биде површно, поентата не е во страста, воопшто не зборувам за физички контакт, туку дека двајца се обидуваат на ист начин и дека се компатибилни во сè. Тоа не беше случај со нас, сè тргна наопаку, но започна три години уште пред да одлучам да се разведам – рече пејачката во емисијата „Сцена“
Таа не крие дека разводот ја променил, и дека оттогаш го доживува посилниот пол на сосема поинаков начин.
фото: printscreen/instagrm/yaemina