Втората полуфинална вечер на Евровизија, се одржа во шведскиот град Малме.
Во Малме Арената вечерта се претставија вкупно 16 земји, додека во финалето кое е закажано за 11 мај, ќе се претстават 10-те најдобри кои ќе имаат најмногу гласови од публиката.
Еден од настапите кои привлекоа најголемо внимание дефинитивно беше Израел. Еден Голан, израелска учесничка, се претстави со песна наречена „Ураган“. Публиката од самиот почеток уживаше во нејзината песна, а ја испрати со овации и аплаузи.
Таа е родена во Кфар Саба, Израел во 2003 година. На шестгодишна возраст, Али со семејството се преселила во Москва поради работата на татко и и таму живееле 12 години. Првиот настап го имаше на рускиот детски Евросонг во 2015 година, а потоа кариерата ја продолжи со учество на вториот детски натпревар во Израел. Освен што е талентирана пејачка, таа е и текстописец, композитор и танчерка. Почнала да се занимава со музика кога имала девет години, а две години била главен вокал на женски бенд.
Инаку, представничката на Израел, Еден Голан годинава има посебни мерки за заштита. Наводно и било кажано да не излегува од хотелската соба, освен кога оди на настапи и официјални настани на Евровизија, поради пропалестинските протести во Малме.
Да потсетиме, Израел испрати специјално барање до организацијата на Евровизија да добие место во второто полуфинале, со цел Голан да не мора да прави генерална проба на денот кога Израел ќе го одбележи Денот на сеќавањето на Холокаустот пред првото полуфинале -финале.
Пејачката, престојува во хотел во кој пред него сите стојат будни. Има толку многу припадници на полицијата и обезбедувањето што било тешко да се избројат, а голем број од нив биле и во цивилна облека.
Колку се зајакнати безбедносните мерки покажува и фактот што дури и случајни минувачи биле испрашувани зошто биле во Малме, кај кого се и слично.
фото: printskrin/instgaram/golaneden