Радио Милева есенска свадбена идила

Ева Нединковска направи свадба како од романтичен филм каде блесна како принцеза во бело (фото)

Ева Нединковска направи свадба како од романтичен филм каде блесна како принцеза во бело (фото)

Поранешната пејачка, а денес успешна бизнис жена, Ева Нединковска, викендов и официјално заплови во брачните води со својот избраник Филип.

Откако претходно во месец април го кажа судбоносното „Да“ и ја официјализираше свршувачката, парот направи прекрасна свадбена прослава која изгледаше буквално како инспирирана од романтичен филм.

Свечен ручек на посебен ден: Ева Нединковска и саканиот не чекаа многу за да си „дадат збор“ и пред најблиските

Ева блесна во раскошна бела венчаница со нежна тантела во горниот дел, а нејзиниот софистициран изглед и препознатлив шарм ја направија да изгледа како вистинска принцеза, додека младоженецот ултра елегантен во црн костум, бела кошула и вратоврска пеперушка.

Со љубовен сјај во очите и широка насмевка, таа и нејзиниот тазе сопруг Филип чекореа пред најблиските, опсипани со ливчиња од бели рози и силни аплаузи од гостите.

Дека романтиката и емоциите беа на највисоко ниво потврдуваат и прекрасните фотографии кои Ева ги сподели со јавноста, а покрај кои напиша емотивна и моќна порака која го отсликува нивниот заеднички завет:

 

„Еден за друг. Во добро и зло. Засекогаш. 3.9.2026“- напиша Ева за албумот фотографии.

Иако Ева веќе со години не е активна на музичката сцена и целосно е посветена на претприемништвото и на својата ќерка Ена, македонската јавност сè уште со огромни симпатии ги следи нејзините убави животни вести, особено откако по пропаднатиот брак од кој ја има и ќерката, реши да и даде нова шанса на љубовта и брачниот живот.

Овој викенд, опкружени со љубов, позитивна енергија и најблиските пријатели и семејството, парот уште еднаш покажа дека се цврсто решени да градат среќна и здрава заедничка иднина.

Честитки до младоженците!

фото: Facebook/Eva Nedinkovska/ Gemini(AI)

To top