Радио Милева здравица за љубовта

Свечен ручек на посебен ден: Ева Нединковска и саканиот не чекаа многу за да си „дадат збор“ и пред најблиските

Свечен ручек на посебен ден: Ева Нединковска и саканиот не чекаа многу за да си „дадат збор“ и пред најблиските

Големиот христијански празник Велигден беше совршено време за екс- пејачката, а сега успешна деловна жена, Ева Нединковска и саканиот Филип да ја официјализираат свршувачката.

Откако на почетокот од месец април блесна свршеничкиот прстен на раката на Ева, сега идните младоженци решија и пред најблиските да ја потврдат својата љубов или народски кажано да си дадат збор пред семејствата и со тоа да најават и венчавка.

Свечениот ручек се случил во еден ресторан, од каде идната невеста објави две фотографии на својот Фејсбук профил.

Ева облечена во бело коктел фустанче, среќна и насмеана позираше за спомен на овој важен ден заедно со избраникот Филип и нејзината ќеркичка Ена.

Ева и Филип изгледаат заљубени и среќни, а тоа сакаат да го покажат пред сите, па и да оформат здрава брачна заедница за која очигледно дека се цврсто решени.

За поптсетување, Ева повеќе од 15 години не е дел од македонската музичка сцена, но публиката и понатаму ја памети. Естрадниот живот е зад неа, а денес успешно плови во бизнис водите и е целосно посветена на својата деветгодишна ќерка Ена од првиот брак и е успешна жена претприемач.

Времињата дувнаа нов ветар, а Ева полна со ентузијазам, позитивна енергија и секако вистинска љубов, реши повторно да се скраси и со новото „Да“ одново да биде на љубовна фреквенција, веруваме вистинската овој пат!

 

фото: Facebook/ Eva Nedinkovska

To top