Второпласираниот финалист од најновата, последна сезона на „Ѕвездите на Гранд“, Мики Секуловски со голем неколку часовен настап на отворено им се оддолжи на своите фанови и поддржувачи кои помогнаа тој да биде меѓу тројцата најдобри.
Настанот се случи во родното Велес во рамките на „Велешко лето“, па пред своите сограѓани приреди вечер за паметење онака како што најдобро знае и умее – со песна која ечеше од неговиот моќен вокал.
Амфитеатарот беше преполн, секој сакаше да го слуша и гледа Мики, да се фотографираат со ѕвездата што ги направи горди.
Настапот не да поминa без поддршка и од колегите и учесници во шоуто.
На сцената од концертот на Мики пееја Омар Џаферовски кој исто така се натпреваруваше во шоуто, запеа и Андријана Петрушовска на чиј неодамнешен концерт во Драчево пееше и Мики, а исто така специјална гостинка беше и младата Лина Пејовска.
Инаку, по крајот на шоуто „Ѕвездите на Гранд“ Мики е еден од најактуелните и најбарани имиња за настапи низ земјава. Освен тоа тој неодамна настапи заедно и со неговата менторка Цеца на нејзиниот настап во Македонија.
Лето е и време за пауза и одмор, ама музичките ѕвезди на Гранд сјаат во континуитет.
фото:Facebook/ Miki Sekulovski/ Марко Колев