Антониа Гиговска ептен ги погоди своите обожаватели, оние кои ја сакаат нејзе и нејзината музика, па и оние кои можеби не ја слушаа и не очекуваа ваков сингл од неа, едноставно насловен „Жена“, а толку многу сложен и полн со емоција, со моќ – женска моќ!
За еден музички артист, особено вака млад како неа, најголема сатисфакција е да се биде актуелен поради она за кое е познат, песните, вокалниот талент, автантичноста, а таа тоа го има. Џокер и е сопруг, ама го има и џокерот во рака секогаш кога има да понуди ново музичко парче, да направи селекција и уво да го препознае хитот, најчесто од братско- сестринската музичка работилница на Лазар и Магдалена Цветковски, а тоа не и е првпат.
„Жена“ е еден од тие музички погодоци, а деновиве на трендинг број 1.
Потврда има колективна, а Антониа и повеќе од горда, избезумена од убаво и стопена од љубов кога побара од публиката да го издвои својот омилен стих од „Жена“.
Коментарите само пристигнуваа, а Антониа ги редеше стих по стих, за на крај да се резимира дека не мора да се издвојува, „Жена“ доминира во целост!
-Ова е многу посебна песна за мене, таква и ќе остане.
Секоја ЖЕНА треба да биде сакана, почитувана, заштитена.. А тоа го може само вистински маж, затоа што право машко знае како треба да се сака една ЖЕНА- напиша Антониа во описот за својот хит, импресиите и сатисфакцијата која ја крена до небо.
По многуте реакции, Гиговска најави и кавер, а веќе вечерва се подтотвува нова музичка возбуда од неа заедно со „2 Бона“ за „Нема кој“…
View this post on Instagram
фото:Instagram printscreen/ antoniagigovskaa