Радио Милева ред критика, ред поддршка

Емотивната исповед на Антониа Гиговска наиде на нов виртуелен напад со остра осуда: „Се соочувам со проблем во мојата глава, само…“ (ВИДЕО)

Емотивната исповед на Антониа Гиговска наиде на нов виртуелен напад со остра осуда: „Се соочувам со проблем во мојата глава, само…“ (ВИДЕО)

Една од нашите најпознати и најактуелни поп- пејачки, Антониа Гиговска, неодамна беше гостинка во новото ток-шоу на Миро Кацаров „Вечер по 8“ каде зборуваше на доста теми од приватноста и професионалниот живот.

Меѓутоа, она што и по речиси една недела се коментира по социјалните мрежи, не е тоа што во исто студио беше соочена непосредно со поранешната љубов, пејачот Иван Јованов, туку нејзината емотивна исповед за личните стравови со кои се соочува.

Имено, Антониа искрено се отвори за тоа дека извесен период живее со помислата дека не пее како што некогаш пеела, а се’ тоа го препишува на честите настапи.

– Тоа беше пред некој извесен период. Си увртев во глава дека … не пеам како што пеев. Можеби поради тоа што често настапувам, па нешто ми се деси. Па ништо, се уште си одам на часови пеење. Техниката на пеење мислам дека е најважна. Се уште се соочувам со истиот проблем во мојата глава дека не пеам како што пеев. Само си ги слушам старите снимки и ви викам сега не би можела истата песна да ја отпеам вака освен ако не повежбам, кажа Антониа.

И ништо од тоа не ќе беше невообичаено, напротив толку лично и неочекувано транспарентно, па наместо да добие мноштво коментари во знак на поддршка, Антониа одново  и одново наиде на остра осуда од јавноста.

Па така, ако често и забележуваа за тоа колку се сменила визуелно, односно како што коментираат се изобличила, па дури и демонизирала со изгледот, сега во пакетот негативни критики се надоврзаа и дека не знае да пее, има погрешни песни, дека е певаљка по шатори и што ли уште не… за жал!

Очигледно е дека утрото на многумина кога е Антониа во прашање се почесто им почнува со лоша мисла, осуда и недолични коментари кои никако да ја одминат.

Сепак, тоа што е евидентно е што таа успева да се искачи високо на скалата како една од најдобрите поп-пејачки на домашната естрада, некоја што редовно полни клубови и редовно вади нови песни и неуморно работи на секој сегмент од својата музичка професионалност. Тоа покажува само едно, дека е некој, дека е актуелна во сферата на домашната музичка сцена  и дека зад „добриот коњ прашина се крева!“

фото: Instagram printscreen/vecer.po.8/ antoniagigovskaa

To top