Радио Милева на природна „терапија“?

Емилија Розман умешно ги користи погодностите на златната природа… особено кога нема место на психијатрија! (ВИДЕО)

Емилија Розман умешно ги користи погодностите на златната природа… особено кога нема место на психијатрија! (ВИДЕО)

Некогашната македонска  мисица, манекенка  и модел, денес горда сопствениочка на ланец цвеќарници Емилија Розман има необични навики. Особено кога е во прашање нејзиниот најблаго речено „чуден“ смисол за хумор. Алтернативните фори и штосови, кои најчесто ги применува на нејзиниот брат Боби или ги изведува заедно со него, многумина оставаат во прашалници? Поединци дури и повеќе од тоа!

Како и да е, овој пат долгоногата убавица решила активно да ја искористи прошетката во природа… А златна природа, полна е со разни погодности, прикладни за разни активности.

Чист воздух за дишење со полни гради, незагадена околина за долги прошетки и рекреација,  па дури и други активности од поинаква природа… Само што скопската убавица овој пат не заминала во природа со такава намера, туку од сосема поинаква побуда – да се изнавика! И тоа не некому, туку онака, самата во празно…

Тајмингот и локацијата непознати, ама затоа сосема соодветни за вакви „душевни егзибиции“. Времето – квечерина, самрак или рано наутро в зори, сеедно… Најважно е местото да е погодно, а урликот што длабоко излегува од тебе, надалеку да се ори! Па уште крикот и да ти се враќа на самото место во вид на ехо!

Кањонот е совршена локација на која урликот најсилно одекнува… До крајни граници ќе одекне, додека од твојот вресок гласот не ти засипне!

Очигледно за г-ца Розмантична нема поголомо уживање, нема подобра природна терапија… Особено, „кога е гужва, па нема место на психијатрија“!  Така барем вели самата!

Така барем било на истиот ден во 2024-тата, колку што некого го држат сеќавањата. Ама по се изгледа така е и денеска… За среќа, Македонија се’ уште има златна природа!

Фото и видео: Инстаграм/rozmanticna

 

 

 

 

 

 

To top